Активности

Понеделник, 1 февруари 2021 година

Средба на пратеникот Јаулески со евроамбасадорот Гир

Координаторот на Клубот за младински прашања и политики во рамки на Собранието оствари средба со амбасадорот и шеф на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. Дејвид Гир. 

На средбата координаторот на клубот, Јован Јаулески се осврна на работата и составот на клубот, неговите надлежности, приоритети и идни активности кои се планираат во периодот што следи. Јаулески го информираше соговорникот и за вклученоста на младите во процесите на носење одлуки и важноста од  имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики.

Амбасадорот и шеф на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. Дејвид Гир ја потенцираше важноста од имплементацијата на законите кои се однесуваат на младите. Господинот Гир се осврна на активностите и приоритетите на делегацијата на ЕУ во кои младите имаат високо значење и претставуваат еден од главните приоритети. 

Јаулески потенцираше дека во рамки на клубот постои широка дебата помеѓу  пратениците од сите политички партии, клубот гради и одржува консензус во одлучувањето за прашања кои ги тангираат младите и активно учествува во креирањето младински политики и законски решенија. Toj ја искористи можноста да го информира соговорникот за идните активности и планот кој го има како координатор на ова тело во периодот што следи.

Заеднички заклучија дека младите се приоритет и разменија ставови и размислувања во однос на идната соработка помеѓу Клубот за младински прашања и политики и Делегацијата на ЕУ и се согласија дека соработката и во иднина треба да се продлабочува, посебно во делот на размена на искуства и размислувања во насока на донесување квалитетни закони кои се во интерес на сите млади. 

Соговорниците изразија задоволство од остварената средба и се обврзаа на заедничка соработка во интерес на младите како еден од главните приоритети. 

Click