Активности

Четврток, 2 декември 2021 година

Средба на пратеникот Јован Митрески со Виталиј Загајниј

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Украина, Јован Митрески, оствари средба со украинска делегација, предводена од Виталиј Загајниј, заменик на Лавовската обласна државна управа. Во придружба на гостинската делегација беше и украинската амбасадорка во нашата земја, Н.Е. Наталија Задоржњук.

Загајниј и Задоржњук се заблагодарија за средбата и поддршката од македонската страна и притоа го претставија Лавовскиот регион како многу силен, значаен и развиен, особено туристички, со потенцијал за развој во различни сфери.

Од своја страна, Митрески ги потенцираше добрите односи со Украина и како Пратенички групи за соработка и како две земји без отворени прашања. Таквата успешна соработка, присутните се согласија да продолжи да се развива и во иднина. Исто така, од украинската страна беше упатена покана за што поскора посета на нивна територија.

Click