Активности

Четврток, 10 септември 2020

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Војциех Тицињски

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Полска, Н. Е. Војциех Тицињски.

Амбасадорот Тицињски, честитајќи му на реизборот на претседателот Џафери, му врачи писмо со честитки од претседателот на Сенатот на Република Полска, Томас Гродски, и примерок од усвоената Резолуција во полскиот Сенат во однос на ситуацијата во Белорусија. Тој нагласи дека полската амбасада работи во полза на добрите билатерални односи, наведувајќи дека Република Полска, потполно ја поддржува нашата земја во процесот на интеграцијата во Европската унија и е против секакви условувања на Република Северна Македонија во текот на преговорите за членство.

Претседателот Џафери, се заблагодари за континуираната поддршка што Република Полска и ја дава на нашата држава и  ја наведе Вишеградската група како пример на соработка меѓу соседите, а искуствата од таа соработка добредојдени.

Џафери рече дека Република Северна Македонија ја цени помошта на Република Полска во справувањето со мигрантската криза на нашата јужна граница и со задоволство го прифати барањето на амбасадорот Тицињски да изложбата по повод 30-годишнината од постоењето на Вишеградската група, да се одржи во просториите на Собранието на Република Северна Македонија во текот на месец февруари, идната година.

Click