Активности

Понеделник, 17 мај 2021 година

Средба на Управувачкиот совет на ПСП

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија се одржа состанок како дел од работатата за Реформата на Собранискиот канал и унапредување на парламентарното емитување, конкретно, за разгледување на нацрт Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија. 

На состанокот беа присутни членовите на Управувачкиот совет на Проектот за парламентарна поддршка односно, претседателот на Собранието, потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и генералната секретарка на Собранието. 

Оваа реформа се одвива во рамките на Проектот за парламентарна поддршка, но и како дел од Акцискиот план на Собранието за Партнерството за отворено владеење и најважно од сè, во согласност со целите на Стратешкиот план на Собранието. Овој состанок се поклопува со отпочнувањето на неделата посветена на Партнерството за отворено владеење, имајќи предвид дека Собранискиот канал е директен и најголем извор на информации за работата на Собранието, а оваа реформа се прави токму со таа цел, односно, да се добие отворено и транспарентно Собрание, Собрание на граѓаните. 

На состанокот се постигна широк консензус за нацртот, а одредените забелешки кои беа нотирани, беа меѓусебно усогласени со цел да се добие квалитетно законско решение.

Click