Активности

Вторник, 10 ноември 2020

Трета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на денешната Трета седница, како матично работно тело, во второ читање ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем;
  2. Предлог-законот за изменување на Законот за жичари и ски-лифтови.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата, присуствуваше Беким Реџепи, заменик на министерот за транспорт и врски.

Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Владо Мисајловски, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по двата Предлог-закона.

Комисијата, без дискусија, ги проследи истите на натамошна постапка во Собранието. 

Click