Активности

Петок, 24 септември 2021

Учество на потпретстедателот Мисовски на 5. Македонско-германски форум

Потпретстедателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Горан Мисовски учествуваше на 5. Македонско-германски форум, кој се одржа денес во Скопје, во организација на фондацијата Конрад Аденауер, на тема: „30 години независност на Северна Македонија - улогата на Собранието во демократијата”.

Форумот го отвори  претстедателот на фондацијата Конрад Аденауер и поранешен претседател на Бундестагот, г. Норберт Ламерт кој се обрати преку видео-конференциска врска. Честитајќи ја 30 годишнината од независноста, Ламберт истакна дека овој настан е тесно поврзан со обединувањето на Германија и големите промени кои се случија во Европа во тој период. Тој нагласи дека пороцесот на  одвојувањето на државата од поранешна Југославија се случи по мирен пат а бевме и првата земја во регионот што го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација за членство во Европската унија. Континуираниот ангажман на фондацијата Конрад Аденауер го дефинираше како израз на германската заинтересираност за регионот а во таа насока ја оцени и неодамнешната посета на канцеларката Меркел на регионот. 

Потпретстедателот Мисовски во своето обраќање на отварањето на форумот, се осврна на најзначајните настани во изминатите 30 години од конституирањето на првото повеќепартиско Собрание: донесувањето на неопходните државотворни акти и документи за формирање на независна и суверена држава, потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, како прв чекор во остварувањето на аспирациите за полноправно членство во Европската унија, мирното решавање на конфликтот од 2001 година преку Охридскиот рамковен договор, добивањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ во 2005 година, визната либерализација во 2009 година, усвојувањето на Декларациите за членство во НАТО, постигнувањето на Преспанскиот договор и членството во НАТО во 2020 година.

Мисовски нагласи дека во целиот овој период, Собранието на Република Северна Македонија посветено работи на усогласување со европските стандарди во областа на човековите права, демократијата и владеењето на правото со цел тоа да го исполни стремежот на граѓаните за понатамошна интеграција во Европската унија. Тој изрази  жалење што и покрај силните напори, спроведените реформи и препораките од Европската комисија, долгоочекуваната сериозна промена кон подобро за европската перспектива на нашата земја сèуште не се случи. Но, изрази уверување дека во следниот период ќе се најде решение за спорот со Бугарија и ова билатерално прашање ќе биде решено во духот на добрососедските односи и основните европски вредности, кои се дел од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка. 

Потоа следеше панел дискусија на која учествуваа и пратениците Александар Николоски, во функција на претседател на Националниот совет за евроитеграции, Арта Биљали Зендели, заменик претстедател на Комисијата за европски прашања,  Дарко Каевски, член на  Националниот совет за евроитеграции и Моника Зајкова. член на Комисијата за европски прашања.

Click