Активности

Вторник, 11 мај 2021

Учество на пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска на онлајн состанок на Комисијата на ПС на СЕ за политички прашања и демократија

Денеска, Бисера Костадиновска-Стојчевска, член на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), учествуваше на онлајн состанокот на Комисијата на ПС на СЕ за политички прашања и демократија.

На состанокот, членовите на Комисијата расправаа за транспарентноста и регулативата поврзана со донациите кон политичките партии и изборните кампањи од странски донатори, за влијанието на BREXIT врз човековите права во Ирска, за Препораката 2179 од Советот на министри за демократиите кои се соочуваат со Ковид -19 пандемијата, како и за поопфатна демократија во однос на климатските промени.

На комисијата, исто така, имаше дискусија по точките од дневниот ред и беа усвоени Предлог-извештаите поврзани со нив.

Click