Активности

Вторник, 22 јули 2021 година

Собранието стана 13-та полноправна членка на ПАБСЕК

Денеска, преку видео-конференциска врска, се одржа 57-то Генерално собрание на Парламентарното Собрание на  Црноморската економска соработка (ПАБСЕК). На сесијата учествуваа пратениците: потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, шефот на Делегацијата на Собранието во ПАБСЕК, Лидија Тасевска и  Вјолца Адеми, член на Делегацијата.

Во текот на сесијата, Собранието на Република Северна Македонија стана 13-та полноправна членка на ПАБСЕК. По тој повод, потпретседателот на Собранието беше повикан со свое пригодно обраќање да се обрати на присутните. 

Во својот говор, потпретседателот Мисовски истакна дека соработката меѓу учесниците останува главен стожер за успешен  политички и дипломатски дијалог, за јакнење на процесите на евроинтеграции, за јакнење на економските врски во регионот како и за натамошна демократизација на нашите општества. 

Понатаму, потпретседателот Мисовски подвлече дека ПАБСЕК, кое што се потпира на столбовите на регионално сопствеништво, солидарност и инклузивност, е одличен форум за размена на мислења, заеднички проекти  и споделување на искуства.

Полноправното членство беше поздравено од претседателката на Молдавскиот парламент, Зинаида Грецеани, кој е домаќин на Генералното собрание на ПАБСЕК, потоа од Спикерот на Домот на пратеници на Романскиот парламент, Лудовик Орбан, кој го презема претседавањето со ПАБСЕК во наредниот период, како и од другите присутни делегации. 

Click