Активности

Вторник, 3 ноември 2020 година

Веб-конференција на тема: „Медиумите на јавни услуги во транзиција: Предизвици со кои се соочуваат и како да се искористат за подобрување“

Во организација на Советот на Европа, а со учество на пратеници од Собранието, денеска се одржа Регионална Парламентарна веб-конференција на тема: “Медиумите на јавни услуги во транзиција: Предизвици со кои се соочуваат и како да се искористат за подобрување”. 

Настанот е во соработка со Комитетот за култура, наука и образование на медиумите на ПССЕ и е упатен до членовите на Парламентите на Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Србија.

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) веќе подолг временски период работи на подобрување на транспарентноста и плуралноста на медиумите во јавниот сервис со усвојување на голем број текстови за ова прашање, преку редовни активности, а со цел да се подигне свеста на пратениците во Националните парламенти за нивната улога во овој процес.

Како претставници на Собранието, активно учество земаа пратениците: Бране Петрушевски, Ненад Коциќ, Мирослав Богдановски, Бети Стаменкоска-Трајкоска, Љупчо Балкоски и Берат Ајдари. 

Click