Активности

Четврток, 29 октомври 2020 година

Веб-семинар: Обезбедување на непречено работење на парламентот

Собранието и Националниот демократски институт денеска организираа веб-семинар на тема: Обезбедување на непречено работење на парламентот - Технолошки прилагодувања во Естонија, Латвија и Словенија.

Веб-семинарот е со цел да се одбележи Глобалната недела на отвореност на законодавството на ОГП (GLOW) и како одговор на континуираната пандемија КОВИД-19, која создаде голем број предизвици за непреченото функционирање на законодавните тела низ целиот свет.

Модератор на сесијата беше Едип Билал, директор на програма, НДИ Северна Македонија; а земаа збор и: Роберт Скот Хејзлет, директор на НДИ; Антеро Хабихт, заменик-генерален секретар на Риигикогу и Ахто Сакс, административен директор, одговорен за ИКТ Риигикоху на Естонија; Јурис Вигулис, директор на Сектор за односи со јавноста, Саеима на Латвија; д-р Душан Штрус, генерален секретар на Националниот совет на Република Словенија, Имантс Бреидакс, manabalss.lv (граѓанско учество во законодавниот процес) и Ана Ангеловска.

Тие од своја страна ги претставија нивните досегашни искуства за обезбедување непречено работење на парламентите, истовремено зачувувајќи ги основните парламентарни функции на законодавство, застапеност, надзор и учество на граѓаните. Исто така, беа споделени и добрите практиките за транспарентност и отвореност, вклученост на граѓанските организации, како и јавноста. 

Над 60 учесници, меѓу кои пратеници, претставници и вработени во Собранието, дискутираа за тоа: Кои се ефектите од далечинското работење на парламентите?, Како овие технолошки алатки помагаат работата на парламентите да се спроведува поефикасно и на непрекинат начин, истовремено гарантирајќи дека квалитетот на дебатата, во пленарните и комисиските седници и квалитетот на законите е задржан?, Како се одржува довербата, приватноста и како се штити улогата на опозицијата?, Како и тоа кој би бил најдобриот модел за работата на нашето Собрание во услови на пандемија? 

Присутните се согласија дека пандемијата со Ковид-19 ги забрза работите во ИКТ сферата и покажа дека: за далечинско работење на парламентите, неопходна е претходна подготовка и поддршка за сите чинители во овој процес; интернет конекцијата е од суштинско значење; можноста за политички импликации е нормален политички процес и промената на начинот на работењето е неопходна.

Click