Активности

Среда, 9 декември 2020 година

Велковски на виртуелен состанок посветен на Зелениот Договор на Енергетската Заедница

Претседателот на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Диме Велковски, денеска учествуваше на виртуелен состанок посветен на Зелениот Договор на Енергетската Заедница и изработка на Националните планови за енергија и клима во организација на Секретаријатот на Енергетската заедница.

Покрај претставникот од Собранието, на состанокот учествуваа и претставници од националните парламенти на земјите членки на Енергетската заедница, членови на Европскиот парламент, претставници од Енергетската Заедница, експерти и претставници од граѓанскиот сектор.  На состанокот од страна на директорот на Енергетската Заедница, г. Јанез Копач накратко беше објаснето што содржи Зелениот Договор на Енергетската Заедница. Станува збор за измена на сет од правни акти кои се поддржани од Буџетот на ЕУ во насока на намалување на емисијата на стакленички гасови и декарбонизација на енергетскиот сектор. Овој Договор поставува поамбициозни таргети до 2030 година за намалување на емисија на метан во воздухот, поголема искористеност на обновливите извори на енергија преку измена на Директивата за обновливи извори на енергија, Ревизија на Директивата за енергетскиот перформанс на станбените објекти и Ревизија на Третиот енергетски пакет во делот на гас. 

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Диме Велковски презентираше некои од програмите кои се спроведени со цел заштита на животната средина и поголема искористеност на обновливите извори на енергија. Во текот на 2020 година за 5.000 домаќинства е обезбедено целосно субвенционирање на замената на загревањето за оние семејства кои користат дрво за загревање на своите домови со инвертер клими. Се изрази надеж дека оваа програма ќе продолжи и во наредните години и ќе опфати поголем број на домаќинства. Неодмна во близина на Неготино е отворена фото напонска централа која го користи сонцето како извор за производство на енергија со моќност од 1,4 мегавати, а Владата на Република Северна Македонија планира во иднина да отвори и други централи кои ќе произведуваат енергија добиена од сонце. Во делот на гасификацијата, г. Диме Велковски истакна дека се издвојуваат значителни буџетски средства за довршување на гасоводната мрежа и дека граѓаните и фирмите ќе можат во наредниот период да го користат гасот како енергенс кој е поеколошки од мазутот.

Во делот на изработката на националните Планови за енергија и клима, директорот на Енергетската Заедница, г. Јанез Копач ја посочи Република Северна Македонија како прва земја од Договорните страни на Енергетската Заедница која има изработено Драфт верзија на Националниот план за Енергија и клима.

Click