Активности

Вторник, 20 април 2021 година

Видео-средба Милошоски - Фасино

Претседателот на Комисијата за надворешна политика г. Антонијо Милошоски, вчера, одржа видео-средба со г. Пјеро Фасино, претседател на Комисијата за надворешни работи и европски прашања од Парламентот на Република Италија и заменик-претседател на Комисијата за политички работи во Советот на Европа, Стразбур, преку платформата Zoom.

На средбата се дискутираше  за многу актуелни теми со кои се соочува земјата, како состојбата со Ковид-19 пандемијата, улогата на опозицијата во Собранието и евроатланската перспектива на земјата.

Стана збор и за односите меѓу двете држави, можностите за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, динамиката на клучните реформи во земјата и актуелната политичка ситуација во државата. 

Соговорниците заклучија дека соработката помеѓу двата парламента ќе остане на високо ниво и ќе продолжи да се продлабочува. Исто така, тие беа согласни дека ваквиот тип на средби треба да продолжи и во иднина, со цел одржување на блиски врски, но и заради меѓусебна координација и поддршка за прашања од заемен интерес за двата парламента.

Click