Активности

Понеделник, 5 октомври 2020

ВИРТУЕЛНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПОРАНЕШНИ ПРАТЕНИЦИ ОД ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари виртуелна средба со делегација од поранешни европратеници во Европскиот парламент, предводени од поранешниот претседател, д-р Ханс Герт Потеринг.  

Упатувајќи му честитки за повторниот избор за претседател на Собранието, д-р Потеринг го истакна неговиот придонес во стабилизирањето на работата на Собранието во претходниот мандат и посочи дека поддршката од Европскиот парламент и од претседателот Сасоли ќе продолжи со несмален интензитет и во овој мандат. Тој нагласи дека мисијата на поранешните пратеници кои се сѐ уште активни и влијателни во политиката и во општеството во нивните земји е да придонесат кон што поскоро обединување на европскиот континент.

Претседателот Џафери искажа задоволство од одржувањето на средбата во услови на пандемија и благодарност за досегашната поддршка на европските институции на нашите напори за исполнување втората стратешка цел, по членството во НАТО, полноправно членство во Европската Унија. Тој ја поздрави соработката со Европскиот парламент, особено и инцијативата на претседателот Давид Сасоли за поинтензивна комуникација со претседателите на Парламентите од земјите на Западен Балкан, како и дијалогот Жан Моне како позитивен инструмент, особено во светло на настаните од 27 април, изразувајќи надеж дека истиот ќе продолжи штом условите ќе го дозволат тоа.

Претседателот Џафери ги поздрави иницијативите кои произлегуваат од Берлинскиот процес, како канцеларијата за млади РИКО и заедничкото претседавање на Република Северна Македонија и Република Бугарија со процесот оваа година. 

Поранешните европратеници искажаа интерес во однос на актуелните политички случувања во земјата, поддршката на граѓаните за евроинтегративниот процес,  транспаретноста на Собранието кон јавноста, парламентарниот надзор, борбата против корупцијата, владеењето на правото и застапеноста на жените во политиката. 

Click