Активности

Понеделник, 26 октомври 2020

Втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија, на денешната Втора седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог -законот за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем - I читање;
  2. Предлог-законот за изменување на Законот за жичари и ски-лифтови - I читање;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови - II читање;
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за скијалишта - II читање.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата, присуствуваше Беким Реџепи, заменик на министерот за транспорт и врски и Билјана Здравева, претставник од Министерство за транспорт и врски.

Во однос на првите две точки, заменик-министерот Реџепи ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со нив. Комисијата, без дискусија, со по 5 гласа „за“ и 3 „воздржани“, усвои ист Заклучок за овие два Предлог-закона: Комисијата за транспорт, врски и екологија го разгледа Предлог-законот и оцени дека е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

За преостанатите два Предлог-закона, претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Владо Мисајловски, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, по нив не се поднесени амандмани. Комисијата без дискусија ги проследи истите на натамошна постапка во Собранието. 

Click