Активности

Понеделник, 14 јуни 2021

Зголемување на свеста за интеркултурна едукација како неопходна иднина во образованието

Денеска, претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, Арбана Пашоли и пратениците Бедри Фазлиу, Љатифе Шикоска и Кастриот Реџепи, членови на Работната група за соработка со Министерството за образование и наука, денеска остварија средба со министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Оваа средба се реализираше во рамките на агендата на активности на Работната група за соработка со МОН, со една единствена цел, а тоа е иницирањето на меѓусебната соработка во однос на прашања кои се однесуваат на зголемување на свеста за интеркултурната едукација, разгледување и поддршка на проекти кои имаат за цел зајакнување на мултиетничките амбиенти и третирање на инклузивниот концепт, како една неопходна иднина во образованието во 21. век. 

Click