Среда, 13 мај 2015 година
Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за музеите
Комисијата за култура, во рамките на 12. седница, денеска одржа Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за музеите.
На јавната расправа беа поканети претставници од сите национални и локални установи од музејската дејност во Република Македонија и претставници од уметничките галерии, а во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура и Весна Илиевска, државен советник во Министерството за култура.