Среда, 24 јуни 2020 година
Обраќање на г. Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, на тема „Изгледите на регионалната соработка по пандемијата: време на поголема интеграција?“
Дозволете во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, како и во мое лично име, да изразам задоволство што сум дел од седмата пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ која се одржува по прв пат на овој необичен, виртуелен начин, меѓутоа се разбира, тоа го налагаат условите наметнати од глобалната закана наречена КОВИД 19, и секако, ние се прилагодуваме.