Вторник, 18 јуни 2019 година
ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА СИЛЕН ПРИДОНЕС ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ, ОЦЕНИ ЛИ ЏАНГШУ
Во текот на официјалната посета на Народна Република Кина, претседателот Џафери, придружуван од потпретседателот Горан Мисовски, координаторите на СДСМ Јован Митрески, на ДУИ Ејуп Алими, на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, претседателката на Пратеничката група за соработка со Народна Република Кина, Владанка Авировиќ и генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова, во Пекинг се сретнаа со претседателот на Секинеското Народно Собрание Ли Џангшу.