Среда, 5 јуни 2019 година
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОЈУЗНИОТ ПАРЛАМЕНТ НА ШВАЈЦАРСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА Г-ЃА МАРИНА КАРОБИО ГУСКЕТИ
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, заедно со пратениците Џеват Адеми, Мира Стојчевска и Павлинче Честојнова, остварија средба со претседателката на Сојузниот парламент на Швајцарската Конфедерација, г-ѓа Марина Каробио Гускети, на чијашто покана Делегацијата и е во официјална посета во Берн.
Двајцата соговорници оценија дека, односите и контактите меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Швајцарскиот Парламент се пријателски и се одвиваат по нагорна линија, и на билатерален и на мултилатерален план.