Среда, 27 јуни 2018 година
Обраќање на претседателот Џафери на 98. РОС-РОТ семинар
На самиот почеток, би сакал на нашите гости да им посакам пријатен престој кај нас, а секако и на сите учесници, да им посакам успешна работа. За мене, како претседател на Собранието на Република Македонија, е посебно задоволство што откако во 1994 година станавме асоцијативна членка на Парламентарното собрание на НАТО, сега, веќе по седми пат, Собранието на Република Македонија е домаќин на Рос-Рот семинарот.