Петок, 23 февруари 2018 година, Виена
Учество на собраниска делегација на Зимската сесија на ПС ОБСЕ
Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС на ОБСЕ), ја одржа својата редовна Зимска сесија на 22 и 23 февруари 2018 година во Виена, Австрија, во која учествуваа над 240 парламентарци од 53 земји учеснички и четири земји партнери на ОБСЕ. На оваа сесија од Собранието на Република Македонија учествуваа г. Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата, г-ѓа Јагода Шахпаска, член и г. Фадил Зендели, заменик-член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.