Петок, 16 февруари 2018 година, Букурешт
Собраниска делегација на Парламентарно собрание на Медитеранот
Членови на Делегацијата од Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот, во состав: г-ѓа Теута Билали и г. Енес Ибрахим учествуваа на 12. сесија на Парламентарното собрание на Медитеранот, која се одржува од 14 до 17 февруари 2018 година во Букурешт, Романија. Сесијата ја отвори г. Ливиу Драгнеа, спикер на Претставничкиот дом на Романија. На сесијата свое обраќања имаше и г. Калин Попеску-Таричеану, спикер на Сенатот на Романија.