Активности



Понеделник, 22 март 2010 година

Триесет и прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 31. седница одржана на 17 и 19 март 2010 година, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на закон за вино (второ читање) и Предлогот на закон за земјоделство и рурален развој (второ читање) .

На седницата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Перица Ивановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Драганчо Стојчев и г. Трајче Андреевски.

Во дискусијата учествуваа пратениците Никола Ќуркчиев, Миле Андонов, Марјанчо Николов, Живко Пејковски, Цветан Трипуновски, Панче Дамески, Јован Гинев, Цветанка Иванова и Лилјана Поповска.

Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија поднесени се вкупно 45 амандмани по Предлог-законот од кои усвоени беа 23, одбиени 16 и повлечени 6 амандмани.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го проследи Предлогот на закон за вино (второ читање) на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Во однос на Предлог на законот за земјоделство и рурален развој Комисијата ги разгледа амандманите поднесени од пратениците Цветан Трипуновски, Живко Пејковски, Марјанчо Колевски, Панче Дамески, Ванчо Коцев, Ристо Стојанов, Васко Шутаров, Јован Гинев, Никола Ќуркчиев, Маријанчо Николов, Миле Андонов, Илија Димовски, Лилјана Поповска и амандманите поднесени од Комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство.

Во претресот по поднесените амандмани учествуваа: заменик министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Перица Ивановски, пратениците Никола Ќуркчиев, Цветан Трипуновски, Живко Пејковски, Марјанчо Колевски, Панче Дамески, Ванчо Коцев, Јован Гинев, Маријанчо Николов и претставниците на Федерацијата на фармери на Република Македонија како и претставниците на Сојузот на лозарите на Република Македонија.

Комисијата го проследи Предлог законот за земјоделство и рурален развој (второ читање) на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click