Активности



Среда, 24 март 2010 година

Триесет и втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 32. Седница, одржана на 22 март 2010 година, како матично работно тело ги разгледа Извештајот на Законодавно-правната комисија на Предлогот на закон за вино и Извештајот на Законодавно-правната комисија на Предлогот на закон за земјоделство и рурален развој

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Перица Ивановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во однос на првата точка, Извештајот на Законодавно-правната комисија на Предлогот на закон за вино (второ читање), Комисијата ги претресе и усвои амандманите на членот 29 став (1) и на членот 16 за додавање нов член 16-а. 

По расправата, Комисијата заклучи дека е исполнет условот да се направи Дополнет предлог на законот за вино.

Воедно, Комисијата го разгледа и Извештајот на Законодавно-правната комисија на Предлогот на закон за земјоделство и рурален развој (второ читање) и го претресе и усвои амандманот од Законодавно-правната комисија на членот 64 став (1) и став (9).

По расправата, Комисијата заклучи дека е исполнет условот да се направи Дополнет предлог на закон за земјоделство и рурален развој.

Click