Активности

Среда, 24 март 2010 година, Брисел

Учество на делегација на Собранието на Република Македонија на Семинар за парламентарци и службеници од парламентите на земјите од Западен Балкан

Во организација на Директоратот за односи со националните парламенти на Европскиот парламент на 23 и 24 март 2010 година во Брисел, Кралството Белгија се одржа Семинар за парламентарци и службеници од парламентите на земјите од Западен Балкан на тема "Буџетски надлежности на парламентите". На семинарот  учествува Делегација на Собранието на Република Македонија во состав од пратениците: г. Јован Манасијевски, г. Оливер Деркоски, г. Миле Андонов и г. Хисен Џемаили.

Семинарот го отвори г. Горан Ферм, член на Европската парламентарна комисија за буџет кој имаше презентација за надлежностите, предизвиците и промените со Лисабонскиот договор во контекст на буџетската процедура.

Комесарот за буџет и и финансиско програмирање г. Јанус Левандовски на средбата во Европската комисија даде свој придонес на семинарот со својата презентација за повеќегодишната буџетска рамка и нејзините ограничувања за секоја фискална година.

Вториот ден од семинарот го отвори г. Жан Пјер Оди, член на Европскиот парламент и потпретседател на Комисијата за буџетска контрола говорејќи за надлежностите на Европскиот парламент и за процедурата за буџетска контрола.

Во рамките на дискусиите се разменија искуства за парламентарните буџетски контроли на земјите од Западен Балкан.

Во име на македонската парламентарна делегација пратеникот г. Јован Манасијевски, претседател на Комисијата за финансирање и буџет, имаше презентација за парламентарната буџетската контрола. Притоа, тој ги истакна приоритетите за обезбедување на уставната позиција на Државниот завод за ревизија, за зајакнувањето на релацијата меѓу парламентот и Државниот завод за ревизија, како и потребата за создавање на Комисија за јавни сметки во македонскиот парламент.

 
Click