Активности

Понеделник, 29 март 2010 година

Комисијата за одбрана и безбедност оствари средба со претставници од Високата школа за одбрана
 
Комисијата за одбрана и безбедност денеска оствари средба со претставници од Високата школа за одбрана на холандскиот Институт за меѓународни односи - Клингендаел.

На средбата гостите најпрво беа запознати со работата на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, при што беше истакнато дека Република Македонија активно партиципира во мировните мисии на НАТО.

Претставниците од Институт за меѓународни односи - Клингендаел беа заинтересирани за самиот пристап на граѓаните кон НАТО-алијансата и се интересираа што очекуваат граѓаните од членството на Република Македонија во НАТО, при што истакнаа дека се импресионирани од напредокот што Република Македонија го прави во насока кон НАТО и ЕУ.

Click