Активности



Понеделник, 15 март 2010 година, Комисија за надворешна политика

Надзорна расправа на тема „Имплементација на Спогодбата меѓу Владата на земјата примач и Владата на земјата испраќач која се однесува на стопанска, техничка и сродна помош“

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Републлика Македонија на 18 февруари и 12 март 2010 година одржа надзорна расправа на тема „Имплементација на Спогодбата меѓу Владата на земјата примач и Владата на земјата испраќач која се однесува на стопанска, техничка и сродна помош“.

Врз основа на дискусијата, Комисијата го донесе следниов Заклучок:

  • ја поздравува политиката на пријателство, соработка и конструктивни билатерални односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, коишто овозможуваат користење на конкретни проекти за помош преку одредени договори;
  • констатира дека проектите и помошта кои се оствaрени во рамките на Спогодбата меѓу двете влади се покажале како корисни за развој и унапредување на областите во економијата, образованието, демократските процеси во Република Македонија, успешни и во согласност со одредбите во Спогодбата се спроведуваат; 
  • ја поттикнува Владата на Република Македонија да ги искористи механизмите за следење на реализацијата на програмите и користењето на помошта со цел за доследна имплементација на договореното од Спогодбата, како предуслов за продолжување и продлабочување на соработката и во иднина;
  • ја охрабрува Владата на Република Македонија да продолжи со иницирање на нови проекти и конструктивната соработка со Владата на Соединетите Американски Држави;
  • ја исткнува потребата од доследно применување на Законот за Собрание на Република Македонија и го нагласува значењето на примената на парламентарниот надзор како силен инструмент во развојот на парламентарната  демократија;
  • овој заклучок да се достави до претседателот на Собранието на Република Македонија и  Владата на Република Македонија;
  • заклучокот да се објави на веб-страницата на Собранието на Република Македонија.
Click