Активности



Понеделник, 29 март 2010 година

Учество на пратеникот Андреј Жерновски на состанок на Комисијата за миграции, бегалци и население

Пратеникот Андреј Жерновски ќе учествува на состанокот на Комисијата за миграции, бегалци и население на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кој се одржува на 30 и 31 март 2010 година во Париз.

Тој во функција на известител ќе го презентира нацрт Извештајот на тема: „Азил и насилство врз основ на полот". Според известителот жените бараат азил поради истите форми на прогон како и мажите, но тие се и жртви на прогон од причини кои се специфични за жените како физичкото, психичкото и сексуалното насилство.

Во нацрт извештајот се наведува дека при разгледување на барањата за азил, државите се обврзани да ја земат предвид половата димензија, иако според меѓународните оргазнизации кои се занимаваат со ова прашање, државите не секогаш ги почитуваат овие обврски што доведува до неточна основа врз која се носи одлуката за азил.

Се очекува пратеникот Андреј Жерновски да го презентира Извештајот на пленарна седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа до крајот на годината.    

 

 



Click