Среда, 3 ноември 2010 година
Учество на Форумот на парламентарци од Централна Азија за родови и ICPD прашања
Пратеничката Славица Грковска учествуваше на Форумот на парламентарци од Централна Азија за родови и ICPD прашања, кој се одржа од 27 до 29 октомври 2010 година во Алмати, Казахстан, во организација на Азискиот форум на парламентарци за население и развој (AFPPD).
Госпоѓа Грковска, за прв пат, беше дел од Европската делегација која присуствуваше на тој форум, во рамките на соработката на Клубот на пратенички со Европскиот парламентарен форум (EPF) и како прва заедничка иницијатива меѓу EPF i UNFPA.
Целта на форумот беше да се поттикнат дискусиите за CEDAW легислативата и обезбедување на позитивна атмосфера за зголемување на капацитетот на пратениците за покренувања на родови прашања и нивните врски со ICPD во Централна Азија и Источна Европа.
Покрај тоа беа покренати и прашања за образование на девојките и жените, легислативата за родова еднаквост и заштита на правата на жените, едукација за репродуктивно здравје за младите, родово буџетирање на националните политики и Пекинг +15.