Април 2017 година
ЕЛЕКТРОНСКА БАЗА НА ДОКУМЕНТИ ОД ЗАКОНОДАВНАТА АРХИВА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија, започна со создавање на единствена електронска база на документи и податоци од работата на законодавниот дом.
Целта е да се обезбеди лесно достапен и електронски пребарлив систем на документите од законодавната архива, односно ќе се овозможи на секој корисник на системот, за кратко време и по различни критериуми да дојде до конкретниот документ, и истиот да може да го гледа во изворна форма.