ОБУКА ЗА СЛУЖБАТА НА СОБРАНИЕТО НА ТЕМА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕТИКА...

25-27 септември 2017 година

ОБУКА ЗА СЛУЖБАТА НА СОБРАНИЕТО НА ТЕМА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕТИКА  И ИНТЕГРИТЕТ 

Во функција на зајакнување на административните капацитети на вработените од Службата на Собранието на Република Македонија, во периодот од 25-27 септември 2017 година во Едукативниот центар на Парламентарниот институт беше одржана воведна обука на тема „Професионална етика и интегритет“. 

Тренинг програмата беше испорачана од страна на Центарот за европски безбедносни студии Центарот за европски безбедносни студии (CESS), Холандија како и Собранието на Република Македонија, а финансиски поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Прочитај повеќе

ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА ДЕМОКРАТИЈАТА И СОБРАНИЕТО ЗА УЧ...

22 септември 2017 година

ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА ДЕМОКРАТИЈАТА И СОБРАНИЕТО ЗА УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Ученици од пет средни училишта од Струмица, Тетово, Богданци, Македонска Каменица и Скопје, придружувани од нивните наставници, учествуваа на еднодневен едукативен семинар со работен наслов "Демократијата и Собранието". Семинарот се одржа на 22 септември, во Едукативниот центар на Парламентарниот институт.

Целта на семинарите е приближување на работата на Собранието на Република Македонија до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за придобивките од демократијата. 

Прочитај повеќе

ОБЈАВЕНА ЗБИРКА НА ИСТРАЖУВАЧКИ РАБОТИ ОД ПАРЛАМЕНТАРНИОТ И...

Септември 2017 година

ОБЈАВЕНА ЗБИРКА НА ИСТРАЖУВАЧКИ РАБОТИ ОД ПАРЛАМЕНТАРНИОТ ИНСТИТУТ ИЗРАБОТЕНИ ПО СОПСТВЕНА ИНИЦИЈАТИВА

Согласно Правилникот за вршење на надлежностите на Парламентарниот институт, во текот на месец септември се финализира и испечати Збирка на истражувачки работи по сопствена иницијатива на Парламентарниот институт за 2016 година. Збирката содржи петнаесет проактивни истражувачки работи во вид на компаративен преглед, кратка информација и студија.

Прочитај повеќе

РАБОТИЛНИЦА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД СЛУЖБАТА ЗА ПОДГОТОВКА НА СТР...

Jули 2017 година

РАБОТИЛНИЦА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД СЛУЖБАТА ЗА ПОДГОТОВКА НА СТРАТЕШКИ ПЛАН НА СОБРАНИЕТО

Во јули 2017 година во Кавадарци, во организација на Парламентарниот институт се одржа тридневна работилница за подготовка на Стратешки план на Собранието на Република Македонија 2018-2020, наменета за вработените од Службата на Собранието.

Прочитај повеќе

ТРКАЛЕЗНА МАСА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ...

Среда, 21 јуни 2017 

ТРКАЛЕЗНА МАСА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија на 21 јуни 2017 година беше домаќин на 25 граѓански организации кои со свои претставници учествуваа на тркалезната маса Собранието и граѓанските организации (вклученост, соработка и отворена законодавна власт).

Прочитај повеќе

ТРЕТА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИСТРАЖУВАЧ...

Петок, 16 јуни 2017 година 

ТРЕТА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИСТРАЖУВАЧКИ СЛУЖБИ

На 16 јуни 2017 година во Едукативниот центар на Парламентарниот институт се одржа третата Регионална конференција на парламентарните истражувачки центри со работен наслов Буџетска транспарентност и отчетност и улогата на парламентите.

Прочитај повеќе

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД СЛУЖБАТА НА ПАРЛАМЕНТОТ НА ШВАЈЦАРСКАТА КОНФЕ...

8-9 мај 2017

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД СЛУЖБАТА НА ПАРЛАМЕНТОТ НА ШВАЈЦАРСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН ИНСТИТУТ 

Во периодот од 8-9 мај во просториите на Едукативниот центар на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија во посета беше делегација од Швајцарскиот Национален Совет составена од пет претставници од парламентарната служба.

Прочитај повеќе

РАБОТНА ПОСЕТА НА ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА ЦРНА ГОРА...

Април 2017 година

РАБОТНА ПОСЕТА НА ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА ЦРНА ГОРА: ОТВОРЕН ПАРЛАМЕНТ ЗА ИНФОРМИРАНИ И ВКЛУЧЕНИ ГРАЃАНИ

Во функција на размена на искуства и зајакнување на меѓународната соработка, во април 2017 година, вработени во Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија, остварија работна посета на Парламентот на Црна Гора.

Прочитај повеќе

ОБУКА ЗА РАКОВОДИТЕЛИТЕ НА СЛУЖБАТА НА СОБРАНИЕТО НА ТЕМА У...

3-5 април 2017 година

ОБУКА ЗА РАКОВОДИТЕЛИТЕ НА СЛУЖБАТА НА СОБРАНИЕТО НА ТЕМА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Во функција на зајакнување на административните капацитети на вработените од Службата на Собранието на Република Македонија, во периодот од 3-5 април 2017 година во Едукативниот центар на Парламентарниот институт беше одржана обука на тема „Управување со човечки ресурси“.

Прочитај повеќе

ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА ДЕМОКРАТИЈАТА И СОБРАНИЕТО ЗА УЧ...

Петок, 21 април 2017 година

ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА ДЕМОКРАТИЈАТА И СОБРАНИЕТО ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Ученици од пет основни училишта од Македонски Брод, Демир Капија, Пробиштип, Нов Дојран и Скопје, придружувани од нивните наставници, учествуваа на еднодневен едукативен семинар со работен наслов "Демократијата и Собранието". Семинарот се одржа на 21 април, во Едукативниот центар на Парламентарниот институт.

Прочитај повеќе
12345      
Click