Совети

Вторник, 8 јуни 2021

ПРВА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Националниот совет за евроинтеграции на Првата седница, одржана на 7 јуни 2021 година, расправаше за Планот на активности на Националниот совет за евроинтеграции за периодот јуни 2021-јуни 2022 година и за Перспективите за европската интеграција на државата во пресрет на јунскиот самит на Европскиот совет.

Седницата ја отвори и со неа претседаваше претседателот на Советот, Александар Николоски. На седницата присуствуваше заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања и член на Советот, Никола Димитров. „Државата ги исполни сите предуслови и според многу земји членки и претставници на институциите на ЕУ, ние сме веројатно најдобро подготвената земја за почеток на преговорите. За отстранување на пречките потребно ни е квалитетно и одржливо решение кое не навлегува во нашите идентитетски прашања и кое ќе биде еден вид инвестиција за градење односи на пријателство врз основа на заемна почит” – истакна во обраќањето вицепремиерот Димитров. Процесот на европеизација мора одлучно и посветено да продолжи со исполнување на реформската агенда пред сè поради подобрување на животот на граѓаните. Вицепремиерот Димитров ја истакна улогата на Националниот совет за евринтеграции како директен учесник и важен чинител во процесот на интеграцијата во ЕУ и дека ова тело треба да генерира синергија за надминување на разликите низ отворен дијалог бидејќи европската агенда е заедничка и обединувачка кауза и мисија. Вицепремиерот Димитров информираше дека во тек се активности за ревизија на владиниот преговарачки институционален механизам заради усогласување со новите барања и новата методологија за зајакнати пристапни преговори, при што ќе се води посебно сметка за улогата на Собранието. Во оваа насока оцени дека е добро што за оваа тема ќе се дискутира на една од планираните јавни расправи кои ќе ги организира Националниот совет за евроинтеграции.

Претседателот на Националниот совет, Александар Николоски, во обраќањето потенцираше дека за значајно тело како Националниот совет, неопходна е тесна соработка на сите членови и претставници заради остварување на неговата клучна улога. Во оваа насока од сите политички партии застапени во Собранието се очекува активно учество и создавање клима за конструктивна работа која ќе приодонесе за напредок на европската интеграција на државата. Николоски нагласи дека консезусот во државата за членство во ЕУ е неподелен, истовремено потенцираше дека е потребна сериозна надворешна политика. Николоски истакна дека владеењето на правото, реформата во јавната администрација, реформите во безбедносно разузнавачките структури и засилувањето на економската активност, остануваат клучни приоритети на кои интензивно треба да се посвети внимание. Од аспект на економската активност, Николоски оцени дека поканата за учество во Европската економска заедница што не претставува замена за членството во ЕУ, треба да се прифати во консултација со стопанската заедница. Во однос на инфраструктурата, државата треба да биде подготвена и да има готови проекти со кои ќе аплицира во Инвестицискиот план за Западен Балкан. Потребен е поголем фокус и на Зелената агенда, на која САД и земјите членки на ЕУ веќе активно работат и која вклучува инвестициски зафати и во инфраструктурата на Западен Балкан.

Потпретседателката на Националниот совет, Соња Мираковска, истакна дека за државата членството во ЕУ е стратешка цел и повика што поскоро земјата да ги започне преговорите за членство и без одложување, имајќи ја предвид сложеноста на процесот и реформите кои треба да бидат исполнети. Доколку исклучокот стане правило, Европската Унија ќе го загуби кредибилитетот за ветување што го има дадено кон земјите кандидати. Мираковска истакна дека во процесот на европската интеграција од исклучителна важност е соработката на сите чинители во општеството.

На седницата на советот со свои дискусии и сугестии учествуваа: Љупчо Пренџов, Гордана Силјановска Давкова, Арбер Адеми - членови на Советот; Тимчо Муцунски, заменик-член; Данела Арсовска претставник од Сојузот на стопанските комори на Македонија; Александар Наумоски, претставник од Заедницата на единиците за локалната самоуправа; Антони Пешев, претставник од Стопанската комора на Македонија и Дриљон Исени од Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Во дебата на седницата беа покренати повеќе прашања за:  важноста од политичката волја за напредок во евроинтеграциите; потребата што побрзо да започнат преговорите; потребата за известување за степенот на реализација на активностите предвидени во клучните планови и документи во процесот на евроинтеграцијата; степенот на подготвеност на администрацијата за водење на преговорите; за динамиката на користење на финансиските инструменти и за потребата за почитување на законодавната постапка при донесување на закони со ЕУ знаменце.

Претставниците од стопанските комори укажаа дека постигнувањето консензус меѓу политичките чинители е многу важно за стопанството, за да се почуствува стабилност и сигурност во борбата против сивата економија и против корупцијата. Се повика на потребата стопанствениците да бидат консултирани за законодавните реформи, да се избегнат скратените постапки при донесување на законите и за квалитетна имплементација на законите во праксата.

Беше потенцирано на потребата локалната самоуправа, општините и градот Скопје да се вклучат во деталната агенда и транспонирањето на законодавството, како и  за конкретни насоки за општините за да бидат спремни за процесот на преговорите.

На седницата Советот со консензус го усвои Планот на активности на Националниот совет за евроинтеграции за периодот јуни 2021-јуни 2022 година

Националниот совет за евроинтеграции на седницата по повод расправата по “Перспективите за европската интеграција на државата во пресрет на јунскиот самит на Европскиот Совет”, со консензус ги усвои следните

ЗАКЛУЧОЦИ:

1. „Националниот совет за евроинтеграции потенцира дека европската интеграција останува врвен стратешки приоритет за државата. Донесувањето на одлука да се отворат пристапните преговори ќе претставува придобивка за натамошен напредок во процесот на пристапување, одржливост на реформите, поттик за нови реформи, за зајакнување на меѓуетничките односи и веродостојна европска перспектива. Во оваа насока, Националниот совет за евроинтеграции ја очекува Преговарачката рамка од страна на Европскиот Совет и првата меѓувладина конференција, што е можно поскоро и без натамошно одлагање. Потребна е јасна перспектива за државата во пристапувањето во Европската Унија и временска рамка за идните преговори согласно новата Методологија за преговарање.

2. Националниот совет за евроинтеграции констатира дека зајакнувањето на добрососедските односи врз основа на заемната почит, регионалната стабилност и соработка е исклучително важна во пристапувањето во Европската Унија. Советот повикува процесот за пристапување на државата во Европската Унија да не се блокира или одложува, а билатералните прашања да не се дел од Преговарачката рамка.

3. Националниот совет за евроинтеграции ги поздравува заложбите на Португалското претседателство со Советот на Европската Унија, за политиката за проширувањето како и напорите за интеграција на регионот во ЕУ.Истовремено, се повикува следното претседателство со Советот на ЕУ - Република Словенија да даде приоритет на усвојување на Преговарачката рамка и конечен почеток на пристапните преговори со Република Северна Македонија со одржување на меѓувладина конференција, доколу тоа не се случи за време на Португалското претседателство.

4. Националниот совет повикува на одржување на конструктивен политички дијалог во Собранието и продолжување на активностите за зајакнување на неговата надзорна и законодавна функција.

5. Националниот совет за евроинтеграции ја потенцира потребата за спроведување на клучните реформи со цел државата да се прилагоди на стандардите и вредностите на Европската Унија за владеењето на правото, почитување на човековите права, независноста на судството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и заштита на малцинствата.

6. Националниот совет за евроинтеграции повикува на поширока дебата за следната фаза од процесот на европската интеграција, меѓу извршната власт, Собранието, граѓанскиот сектор, локалната самоуправа и стопанството, особено за процесот на преговорите и улогата на Собранието во процесот на пристапување во Европската Унија.

7. Националниот совет за евроинтеграции го повикува Собранието во рамки на Дијалогот Жан Моне, да ги продолжи активностите за усогласување на деловниците за работа на Собранието и на Владата, во насока на одредбите за транспонирање на правото на ЕУ како и меѓуинституционалната соработка за европските прашања.

8. Советот ја поздравува заедничката Декларација на Европскиот парламент, Европската комисија и Советот на ЕУ од мај годинава, за  Конференцијата за иднината на Европа. Во оваа насока Советот повикува во Конференцијата за иднината на Европа да се даде можност за вклучување и на земјите и граѓаните од Западен Балкан, во заедничката визија за иднината на Европа.

9. Со овие заклучоци од седницата на Националниот совет за евроинтеграции, да бидат запознати Собранието, Владата и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

10. Заклучоците да се објават на интернет страницата на Собранието за да бидат достапни до пошироката јавност”.

»»» Стенографски белешки

ВТОРНИК, 8 ЈУНИ 2021
ПРВА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ
Националниот совет за евроинтеграции на Првата седница одржана на 7 јуни 2021 година расправаше за Планот на активности на Националниот совет за евроинтеграции за периодот јуни 2021-јуни 2022 година и за Перспективите за европската интеграција на државата во пресрет на јунскиот самит на Европскиот совет.
Седницата ја отвори и со неа претседаваше претседателот на Советот, Александар Николоски. На седницата присуствуваше заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања и член на Советот, Никола Димитров. „Државата ги исполни сите предуслови и според многу земји членки и претставници на институциите на ЕУ, ние сме веројатно најдобро подготвената земја за почеток на преговорите. За отстранување на пречките потребно ни е квалитетно и одржливо решение кое не навлегува во нашите идентитетски прашања и кое ќе биде еден вид инвестиција за градење односи на пријателство врз основа на заемна почит” – истакна во обраќањето вицепремиерот Димитров. Процесот на европеизација мора одлучно и посветено да продолжи со исполнување на реформската агенда пред сè поради подобрување на животот на граѓаните. Вицепремиерот Димитров ја истакна улогата на Националниот совет за евринтеграции како директен учесник и важен чинител во процесот на интеграцијата во ЕУ и дека ова тело треба да генерира синергија за надминување на разликите низ отворен дијалог бидејќи европската агенда е заедничка и обединувачка кауза и мисија. Вицепремиерот Димитров информираше дека во тек се активности за ревизија на владиниот преговарачки институционален механизам заради усогласување со новите барања и новата методологија за зајакнати пристапни преговори, при што ќе се води посебно сметка за улогата на Собранието. Во оваа насока оцени дека е добро што за оваа тема ќе се дискутира на една од планираните јавни расправи кои ќе ги организира Националниот совет за евроинтеграции.
Претседателот на Националниот совет, Александар Николоски, во обраќањето потенцираше дека за значајно тело како Националниот совет, неопходна е тесна соработка на сите членови и претставници заради остварување на неговата клучна улога. Во оваа насока од сите политички партии застапени во Собранието се очекува активно учество и создавање клима за конструктивна работа која ќе приодонесе за напредок на европската интеграција на државата. Николоски нагласи дека консезусот во државата за членство во ЕУ е неподелен, истовремено потенцираше дека е потребна сериозна надворешна политика. Николоски истакна дека владеењето на правото, реформата во јавната администрација, реформите во безбедносно разузнавачките структури и засилувањето на економската активност, остануваат клучни приоритети на кои интензивно треба да се посвети внимание. Од аспект на економската активност, Николоски оцени дека поканата за учество во Европската економска заедница што не претставува замена за членството во ЕУ, треба да се прифати во консултација со стопанската заедница. Во однос на инфраструктурата, државата треба да биде подготвена и да има готови проекти со кои ќе аплицира во Инвестицискиот план за Западен Балкан. Потребен е поголем фокус и на Зелената агенда, на која САД и земјите членки на ЕУ веќе активно работат и која вклучува инвестициски зафати и во инфраструктурата на Западен Балкан. 
Потпретседателката на Националниот совет, Соња Мираковска, истакна дека за државата членството во ЕУ е стратешка цел и повика што поскоро земјата да ги започне преговорите за членство и без одложување, имајќи ја предвид сложеноста на процесот и реформите кои треба да бидат исполнети. Доколку исклучокот стане правило, Европската Унија ќе го загуби кредибилитетот за ветување што го има дадено кон земјите кандидати. Мираковска истакна дека во процесот на европската интеграција од исклучителна важност е соработката на сите чинители во општеството.
На седницата на советот со свои дискусии и сугестии учествуваа: Љупчо Пренџов, Гордана Силјановска Давкова, Арбер Адеми - членови на Советот; Тимчо Муцунски, заменик-член; Данела Арсовска претставник од Сојузот на стопанските комори на Македонија; Александар Наумоски, претставник од Заедницата на единиците за локалната самоуправа; Антони Пешев, претставник од Стопанската комора на Македонија и Дриљон Исени од Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Во дебата на седницата беа покренати повеќе прашања за:  важноста од политичката волја за напредок во евроинтеграциите; потребата што побрзо да започнат преговорите; потребата за известување за степенот на реализација на активностите предвидени во клучните планови и документи во процесот на евроинтеграцијата; степенот на подготвеност на администрацијата за водење на преговорите; за динамиката на користење на финансиските инструменти и за потребата за почитување на законодавната постапка при донесување на закони со ЕУ знаменце. 
Претставниците од стопанските комори укажаа дека постигнувањето консензус меѓу политичките чинители е многу важно за стопанството, за да се почуствува стабилност и сигурност во борбата против сивата економија и против корупцијата. Се повика на потребата стопанствениците да бидат консултирани за законодавните реформи, да се избегнат скратените постапки при донесување на законите и за квалитетна имплементација на законите во праксата. 
Беше потенцирано на потребата локалната самоуправа, општините и градот Скопје да се вклучат во деталната агенда и транспонирањето на законодавството, како и  за конкретни насоки за општините за да бидат спремни за процесот на преговорите.
На седницата Советот со консензус го усвои Планот на активности на Националниот совет за евроинтеграции за периодот јуни 2021-јуни 2022 година.  
Националниот совет за евроинтеграции на седницата по повод расправата по “Перспективите за европската интеграција на државата во пресрет на јунскиот самит на Европскиот Совет”, со консензус ги усвои следните
                  ЗАКЛУЧОЦИ
1. “Националниот совет за евроинтеграции потенцира дека европската интеграција останува врвен стратешки приоритет за државата. Донесувањето на одлука да се отворат пристапните преговори ќе претставува придобивка за натамошен напредок во процесот на пристапување, одржливост на реформите, поттик за нови реформи, за зајакнување на меѓуетничките односи и веродостојна европска перспектива. 
Во оваа насока, Националниот совет за евроинтеграции ја очекува Преговарачката рамка од страна на Европскиот Совет и првата меѓувладина конференција, што е можно поскоро и без натамошно одлагање. Потребна е јасна перспектива за државата во пристапувањето во Европската Унија и временска рамка за идните преговори согласно новата Методологија за преговарање.
2. Националниот совет за евроинтеграции констатира дека зајакнувањето на добрососедските односи врз основа на заемната почит, регионалната стабилност и соработка е исклучително важна во пристапувањето во Европската Унија. 
Советот повикува процесот за пристапување на државата во Европската Унија да не се блокира или одложува, а билатералните прашања да не се дел од Преговарачката рамка. 
3. Националниот совет за евроинтеграции ги поздравува заложбите на Португалското претседателство со Советот на Европската Унија, за политиката за проширувањето како и напорите за интеграција на регионот во ЕУ.
Истовремено, се повикува следното претседателство со Советот на ЕУ - Република Словенија да даде приоритет на усвојување на Преговарачката рамка и конечен почеток на пристапните преговори со Република Северна Македонија со одржување на меѓувладина конференција, доколу тоа не се случи за време на Португалското претседателство.

Click