НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ 

E-пошта: nsei@sobranie.mk

Седници, Јавни расправи, СредбиДокументи НСЕИНационални документи во пристапувањето во ЕУЗа Европската Унија, ЕУ весникЛинкови

Следејќи ја стратешката определба за членство во Европската Унија, за која граѓаните ја изразуваат својата целосна поддршка и особено имајќи ги предвид критериумите кои треба да се задоволат како и обврските кои надлежните институции и сите општествени субјекти ги превземаат, Собранието на седницата одржана на 19 ноември 2007 година донесе Одлука за основање на Националниот совет за евроинтеграции. На седницата одржана на 6 јули 2011 година, Собранието донесе Одлука за изменување на Одлуката за основање Национален совет за евроинтеграции.

Советот има претседател, потпретседател, 15 члена и девет заменици членови, и тоа: девет члена од редот на пратениците во Собранието, кои имаат свои заменици и шест члена од други институции: заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, претставник од Кабинетот на претседателот на државата, претставник од Кабинетот на претседателот на Владата, претставник од МАНУ, од ЗЕЛС и од ЗНМ. Овие шест членови учествуваат во работата на Советот без право на одлучување.

Претседателот на Советот се именува од редот на пратениците кои се во опозиција, а потпретседателот од редот на пратениците кои се во позиција.

Членови по функција се: претседателот на Комисијата за европски прашања, претседателот на Комисијата на надворешна политика и копретседателот на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-РСМ, а заменици членови по функција се: заменик претседателот на Комисијата за европски прашања, заменик претседателот на Комисијата на надворешна политика и еден од потпретседателите на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-РСМ.

Начинот на работа, правата и обврските на претседателот, потпретседателот и членовите на Советот, јавноста во работата, вршењето на стручни, административни и други работи за потребите на Советот, се уредени со Деловникот на Националниот совет донесен на 25.10.2011 година.

Советот одлучува со консензус на присутните членови што имаат право на одлучување, од редот на пратениците.

Претседател: Александар Николоски
Потпретседател: Соња Мираковска
Членови:  Дарко Каевски
Зеќир Рамчиловиќ
Рина Ајдари
Гордана Сиљановска-Давкова
Љупчо Пренџов
Сурија Рашиди
Арбер Адеми, претседател на Комисијата за европски прашања
Антонијо Милошоски, претседател на Комисијата за надворешна политика
копретседател на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Северна Македонија
Никола Димитров, заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања
проф. д-р Александар Љ. Спасов, претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија
Едмонд Адеми, претставник од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија

Живко Попов, претставник од Македонската академија на науките и уметностите 

Александар Наумоски, претставник од Заедницата на единиците на локалната самоуправа

Младен Чадиковски, претставник на Здружението на новинарите на Македонија
Заменик-членови: Маја Морачанин
Арбана Пашоли
Моника Зајкова
Здравко Трајанов

Илире Даути
Арта Билали-Зендели, заменик на претседателот на Комисијата за европски прашања
Владо Мисајловски, заменик на претседателот на Комисијата за надворешна политика
Фиснике Бектеши-Шаќири, потпретседателка на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Северна Македонија
Click