Совети

Вторник, 9 февруари 2021

СРЕДБА НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ СО ШВЕДСКАТА АМБАСАДОРКА КРИСТИН ФОРСГРЕН БЕНГТСОН

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон.

На средбата Николоски искажа благодарност за силната поддршка на Кралството Шведска за нашата европска интеграција, како и поддршката на политиката за проширување на ЕУ, и ја поздрави постојаната парламентарна соработка на двата законодавни дома. 

Николоски ја информираше амбасадорката Бенгтсон за формирањето и новиот состав на Националниот совет за евроинтеграции, неговите надлежности и улогата како клучно тело во процесот на преговорите и важноста на консензуалното одлучување меѓу сите членови на Советот.

Шведската амбасадорка Бенгтсон изрази задоволство од средбата, при што покажа интерес за можностите за обезбедување на квалитетна дебата во Советот и особено за градењето на потребниот консензус со оглед на актуелните предизвици во процесот на европската интеграција. Од аспект на билатералната соработка, амбасадорката Бенгтсон се осврна на развојната стратегија на Шведска и делот посветен на нашата држава со следните клучни приоритети за европската агенда во областите: демократија и владеење на правото, животната средина, безбедноста и пазарната економија.

Двајцата соговорници во пријателска и отворена атмосфера разменија мислења за актуелните предизвици за почеток на пристапните преговори, за потребата за надминување на поларизацијата во општеството и се согласија за неопходноста од имплементација на клучните реформи во процесот.





Click