Совети

Среда, 3 февруари 2021 година

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ЈАН КОП

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, денеска, оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Дирк Јан Коп. 

На почетокот на средбата Александар Николоски, се заблагодари за прифатената покана за средба од страна на амбасадорот на Холандија, при што го информираше дека во текот на месец јануари годинава оствари средби со амбасадори на земји-членки на Европската унија во нашата држава.

Николоски го запозна амбасадорот на Холандија за клучните цели на Националниот совет за евроинтеграции од формирањето во 2007 година, надлежностите, инклузивниот состав и клучната улога што Советот треба да ја оствари во процесот на пристапните преговори со ЕУ. Николоски информираше дека неговата интенција како претседател на Националниот Совет, е ова тело да биде доста активно и да креира конзенсус во процесот на пристапување во ЕУ. 

Холандскиот амбасадор Јан Коп изрази поддршка за работата на Националниот совет за евроинтеграции кој треба да оствари исклучително конструктивна улога со оглед на вклученоста на сите општествени чинители во неговиот состав. Амбасадорот нагласи дека главен фокус треба да биде спроведувањето на реформите во клучните области во процесот на интеграцијата во ЕУ.

Соговорниците на средбата разменија мислења за прашања од областа на борбата против корупцијата, предизвиците што претстојат во процесот за почеток на преговорите, ефектите од пандемијата со Ковид 19 врз економијата, проблемите околу вакцините.


Click