СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА ХРВАТСКА ...

Петок, 15 јануари 2021 година

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА ХРВАТСКА 

Николоски информираше за конституирањето на Националниот совет за евроинтеграции, за надлежностите и составот на телото, неговата улога во процесот на пристапните преговори, како и за принципот на донесување на одлуки со консензус. Претседателот на Советот изрази задоволство од континуираните добри односи со Хрватска, која како земја членка на ЕУ и близок пријател на Македонија, дава поддршка и придонесува за позитивна афирмација на државата на нејзиниот евроинтегративен пат. 
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА СЛОВЕНИЈА...

Петок, 15 јануари 2021 

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА СЛОВЕНИЈА

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Милан Предан.

Николоски го запозна амбасадорот со надлежностите и составот на Националниот совет за евроинтеграции, со улогата која ја има Советот во процесот на пристапување кон ЕУ, консензуалното одлучување во телото, како и со активностите на Советот во периодот кој следи. Претседателот на Советот изрази оптимизам за плодна соработка во иднина и пренесување на искуствата кои Словенија ги има во процесот на пристапни преговори.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ ...

Четврток, 14 јануари 2021 година

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, денеска, оствари средба со амбасадорот и шеф на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. Дејвид Гир. На средбата Николоски информираше за составот на Националниот совет за евроинтеграции, надлежностите кои Советот ги има согласно одлуката за неговото формирање, инклузивниот карактер на телото кое обединува политички и општествени чинители, како и за идејата Советот да гради и одржува консензус за членство во ЕУ. Во насока на исполнувањето на европските стандарди непходни за полноправно членство во ЕУ, Николоски изрази надеж за ефикасна и континуирана соработка со официјалните претставници на Европската унија. За периодот кој што претстои, во контекст на евроинтеграциите, Николоски најави активна агенда на Националниот совет за евроинтеграции.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО ПОЛСКИОТ АМБАСАДОР ВОЈЦИЕХ ТИЦИЊСКИ...

Вторник, 12 јануари 2021 година

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО ПОЛСКИОТ АМБАСАДОР ВОЈЦИЕХ ТИЦИЊСКИ

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски, денеска, оствари средба со амбасадорот на Република Полска, Н.Е. Војциех Тицињски. На средбата присуствуваше и заменикот амбасадорот г. Пиотр Висоцки. Николоски го запозна амбасадорот на Полска за: формирањето и новиот состав на Националниот совет за евроинтеграции, надлежностите и клучните цели, улогата како репрезентативно тело на политичките и општествените чинители во државата, градењето и одржувањето на консензусот за членството во ЕУ. Николоски изрази надеж за плодна соработка во процесот и интензивна агенда на Националниот совет, во периодот што претстои.
Прочитај повеќе
12   
Click