ЕП: Референдумот во Македонија и Брегзитот покажаа дека лаж...

Среда, 30 јануари 2019 година

ЕП: Референдумот во Македонија и Брегзитот покажаа дека лажните вести и дезинформациите се најголеми непријатели на европската кохезија

Дезинформациите и лажните вести се најголемите непријатели на европската кохезија. Тоа се покажа со Брегзитот и со Референдумот во Македонија минатата година. Европскиот парламент е заеднички дом на сите Европејци без разлика на пасошите, рече потпретседателот на Европскиот Парламент, Рамон Луис Валкарсел Сисо, на конференцијата: „Комуникација со граѓаните - како да се развие најдобра стратегија од Парламентот“, која се одржа во Брисел. 

Прочитај повеќе

Генералниот секретар, Иванова на редовен состанок на генера...

Вторник, 29 јануари 2019

Генералниот секретар, Иванова на редовен состанок на генерални секретари во Виена

Состанокот започна со средбата на генералните секретари на Тројката (австриското, романското и финското претседателство и Европскиот парламент), а официјално го отворија Волфганг Соботка, претседател на Националниот совет на Република Австрија и Харалд Доси, генерален секретар на австрискиот парламент. На првата сесија се презентираше Предлог-програмата за Конференцијата на спикери на парламенти на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати, што ќе се одржи на 8 и 9 април 2019 во Виена. Конференцијата ќе има две сесии, посветени на "Европската унија и соседите" и на "Идната Европска унија после изборите за Европскиот парламент, натамошен развој на соработката меѓу националните парламенти и европските институции". 

Прочитај повеќе

Работна средба на претседателот Џафери со амбасадор на Соју...

Вторник, 29 јануари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Н.Е. Томас Герберих

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска имаше работна средба со германскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Томас Герберих.

Прочитај повеќе

Осумнаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарст...

Вторник, 29 јануари 2019 година

Осумнаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 18. седница, како матично работно тело, во скратена постапка, ги разгледа:

Прочитај повеќе

Триесет и трета седница на Комисијата за транспорт, врски и...

Вторник, 29 јануари 2019 година

Триесет и трета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 33. седница, како матично работно тело, по скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги, поднесен од пратениците Диме Велковски и Реџаиљ Исмаили.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со министерот за надворешни ...

Понеделник, 28 јануари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Линас Линкевичиус

Претседателот на Собранието на Република Македонија, посакувајќи му добредојде на гостинот, изрази задоволство и благодарност до Литванија за целокупната досегашна поддршка на нашиот евроатлански, при што ја потенцираше и соработката во рамките на Вилнус групата.

Прочитај повеќе

Манаскова: Европскиот успех ќе зависи од сите нас...

Понеделник, 28 јануари 2019 година

Манаскова: Европскиот успех ќе зависи од сите нас

Собраниските комисии за надворешна политика и за европски прашања денеска остварија заедничка средба со Линас Линкевициус, министер за надворешни работи на Република Литванија, во придружба на Раша Каирине, амбасадор на Република Литванија во Македонија и Ваида Станкевичиус, шефица на одделот за Југоисточна Европа во Министерството за надворешни работи на Литванија.

Прочитај повеќе

Триесет и втора седница на Комисијата за транспорт, врски и...

Петок, 25 јануари 2019 година

Триесет и втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 32. седница, како матично работно тело, ги разгледа Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2019 година и Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2019 година.

Прочитај повеќе

Групата за пријателство Франција-Македонија со поддршка на ...

Четврток, 24 јануари 2019 година 

Групата за пријателство Франција-Македонија со поддршка на реформите во администрацијата

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, оствари средба со Лилијана Танги, пратеничка од француското Национално собрание, потпретседателка на Комисијата за европски прашања, и Групата за пријателство Франција-Македонија, како и Жак Мер, потпретседател на Комисијата за надворешни работи на Националното собрание, а во придружба на амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.

Прочитај повеќе

Позицијата и опозицијата со консензус за ЕУ прашања ...

Четврток, 24 јануари, 2019 година

Позицијата и опозицијата со консензус за ЕУ прашања 

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, заедно со членовите и замениците на Комисијата, имаа средба со француските пратеници, во Националното собрание на Франција, Лилијана Танги и Жак Мер, во придружба на амбасадорот на Франција во Македонија, КристијанТимоние.

Прочитај повеќе
1...495051...117                                                                                                                      
Click