Делегации



Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Медитеранот



документи

 

 Шеф на делегација: ИЛИЈА ДИМОВСКИ 

                       Членови: ВАСКО ШУТАРОВ  
                                          САФЕТ НЕЗИРИ  
 
    Заменици членови: ВАНЧО КОЦЕВ
                                          РИСТО ПЕНОВ 
                                          МЕРАЛ УЗЕИРИ ФЕРАТИ  

Парламентарното собрание на Медитеранот е релативно нова меѓународна мултилатерална организација и претставува продолжување на парламентарна димензија на долгодишната Конференција за соработка во Медитеранот (ЦСЦМ), процес кој функционираше во рамките на Интерпарламентарната унија (ИПУ), а како самостојна меѓународна мултилатерална организација започна да функционира од септември 2006 година. Инаугуративната сесија на Парламентарното собрание на Медитеранот се одржа на 10 и 11 септември 2006 година во Аман, Хашемитско Кралство Јордан, кога  со консензус беше усвоен Статутот на оваа организација.

Земји-членки на Парламентарното собрание на Медитеранот се парламентите на земјите од медитеранскиот брег: Албанија, Алжир, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Египет, Франција, Грција, Израел, Италија, Либан, Либиска Арапска Џамахирија, Малта, Монако, Мароко, Србија, Црна Гора, Словенија, Шпанија, Сириска Арапска Република, Тунис, Турција и Палестина. Исто така, членки на ПС на Медитеранот се парламентите на Република Македонија, Јордан и Португалија, држави кои не излегуваат на Медитеранот, но кои економски, политички и стратешки директно се поврзани со него.

Парламентарното Собрание на Медитеранот заседава на пленарна седница, еднаш годишно. Неколку месеци пред  одржувањето на годишното заседание, се состануваат трите постојани комитети.          
Парламентарното собрание е воспоставено со цел да се даде поголемо значење на парламентарната дипломатија во медитеранскиот регион, односно регионот да се здобие со сопствен парламентарен форум, како и зајакнување и унапредување на дијалогот меѓу културите.

Click