ЕУ вести

Петок, 19 јуни 2009 година

Европа се подготвува за нов развој на интернетот

Интернетот се развива со забрзано темпо: доколку пред 25 години тој броеше едвај околу илјада корисници, денес поврзува приближно 1,5 милијарди луѓе од целиот свет. Моментално во Европа просекот е најмалку еден апарат поврзан со интернет, независно дали тоа е компјутер или мобилен телефон. Но, бројот на поврзаните апарати околу нас се очекува да биде зголемен стократно или дури илјадакратно во наредните 5 до 15 години.

Моментално интернетот поврзува околу 1,5 милијарди корисници низ целиот свет, вклучувајки ги и мобилните уреди (околу 3 милиони во ЕУ).

Европската комисија објави акција со цел да се осигура дека Европа ќе може да игра водечка улога во развојот на тие нови мрежи на взаемно поврзаните предмети, кои можат да бидат од книги до коли, од електични апарати до храна и сл.

Претставениот план за активности на ЕУ ќе им помогне на граѓаните на Европа да извлечат полза од овој развој и истовремено да ги воочат можностите што ги пружа истиот, како неприкосновеност на приватноста, сигурност и заштита на личните податоци.

Една од основните насоки на развојот во наредните години е преку постепено поврзување, не само на компјутерите, туку и на голем број на машини и други физички објекти.
Click