Четврток, 15 октомври 2009 година
Европарламентот ја додели годишната награда за новинарство
Годишната награда за новинарство која ја доделува Европскиот парламент за остварување дела кои поттикнуваат подобро разбирање на институциите или политиката на Европската унија, годинава отиде во рацете на Инес Посмаер (печатен медиум - Германија) за статијата „Како се обновува Европа“, Сланко Балинт за он-лајн статијата „Итри клиенти во Брисел на усовршување на нивната снаодливост“ (интернет медиум - Унгарија), Збигнев Плешнер за програмата „Третпат среќа“ (радио - Полска) и Елке Сасер и Кристијан Калер за нивната програма „Кој се плаши од Европа? Како ЕУ дојде во Полска?“ (телевизија - Германија).
Наградата, вредна 5.000 евра во секоја категорија, ја додели претседателот на Европарламентот, г.Јержи Бузек.
„Без вас новинарите, не можеме да го подобриме функционирањето на ЕУ, не можеме да ги информираме нашите граѓани или да ги приближиме до Унијата“, изјави г. Бузек.
Тричлено жири и шест новинари ги избраа победниците во конкуренција од над 65 национални победници.