ЕУ вести



Петок, 12 јуни 2009 година

Интернет бум за евроизборитe

Близу 2 милиони корисници ја посетиле интернет страницата на Европскиот парламент во периодот кога се одржуваа европските избори. Интернет кампањата оствари рекорден интерес. Секоја секунда 12.000 посетители ја отворале специјалната страница за резултатите од евроизборите.

Годинава Парламентот стартуваше со офанзивна комуникациска кампања за зголемување на информираноста на народот. Во пресрет на изборите беа пуштени осум он-лајн платформи за популаризирање на гласањето на Стариот континент: официјалната веб-страница на ЕП, специјална страница за изборите, телевизиски канал на ЕП, како и профили на Парламентот на YouTube, Flickr, Facebook, MySpace и Twitter.
 
Над 53.000 посетители го отвориле профилот на ЕП на Facebook, само месец и половина откако беше создаден. Речиси 100.000, пак, го отвориле истиот, но на MySpace, 659 фотографии биле закачени на Flickr, а 440.000 луѓе ги виделе видеоматеријалите на страницата на Парламентот на YouTube.
 
На Twitter беа пуштени 2.189 соопштенија, а 141 статија беше публикувана на страницата на Европскиот парламент и на специјалната страница за изборите.

На завршниот ден од гласањето, 7 јуни, Европските избори биле третата најдискутирана тема меѓу корисниците на Twitter.

Click