ЕУ вести



Вторник, 30 јуни 2009 година

Најмладиот европратеник има 25 години, најстариот - 81

Во новиот Европски парламент најмлада пратеничка ќе биде 25-годишната Емили Турунен од Данска, родена на 13 мај 1984 година, додека највозрасен член на Парламентот ќе биде 81-годишниот Италијанец Киријако де Мита, кој е роден на 2 февруари 1928 година.

49,86% од новите европратеници ќе го остварат својот прв мандат во оваа институција. Најмногу нови европратеници доаѓаат од Литванија – 75%, а најмалку од Малта – 20%.

Во новиот евро-состав има еден поранешен претседател и осум екс премиери. Претседателот на Литванија од февруари 2003 до април 2004 година, г-дин Роландас Паксас, беше избран за европратеник, а осумте поранешни премиери доаѓаат од Полска (Јержи Бузек), Белгија (Жан-Лук Дешан), Италија (Киријако де Мита), Летонија (Иварс Годманис), Финска (Анели Јатенмаки), Словенија (Алојз „Лојзе“ Петерле), Романија (Теодор Столојан) и Белгија (Ги Верхофстад).

Речиси 4% повеќе жени ќе има во новиот Европарламент во споредба со минатиот состав. Сега, од вкупниот број пратеници, 35,33% ќе бидат од женскиот пол. Најголем процент на жени доаѓаат од Финска  - дури 61,5% од вкупниот број фински европратеници се жени. Единствено Малта нема ниту една дама во Европарламентот.

Најмногу гласови на изборите во Европа, кои се одржаа од 4 до 7 јуни, добија Силвио Берлускони од Италија со 2,7 милиони гласа и Естонецот Индрек Таранд со 25,8% од гласовите.

Првата седница на новиот Европски парламент ќе се одржи од 14 до 16 јули во Стразбур.

Click