ЕУ вести



Петок, 18 септември 2009 година

Пет милиони евра од Еврокомисијата за филмската индустрија

Европската комисиja годинава ќе одвои 5 милиони евра за зацврстување на културните и трговските односи меѓу европската филмска индустрија и создавачите на филмови од трети држави.

Само за споредба, годинава од ова финансирање на ЕУ корист ќе имаат 40 проекти, за разлика од лани кога беа финансирани 18 проекти со 2 милиони евра. Ваквиот пораст се должи на тоа што во декември 2008 година Европскиот парламент донесе решение за зголемување на буџетот за меѓународната соработка во филмскиот сектор.

Проектите овозможуваат заедничка обука, взаемно популаризирање, распространување и прикажување филмови, сè со цел да се поттикнат граѓаните на Европа и надвор од неа да гледаат странски филмови.

Click