ЕУ вести



Понеделник, 14 септември 2009 година

Три филма ќе се борат за наградата на Европарламентот

На Меѓународниот филмски фестивал во Венеција беа претставени трите филма кои ќе се борат за кинематографската награда „LUX“ на Европскиот парламент за 2009 година. Тоа се филмовите „Eastern plays“ во режија на Камен Калев (Бугарија и Шведска), „Sturm“ на режисерот Ханс-Кристијан Шмид (Германија, Данска и Холандија) и „Welcome“ на Филип Лиор (Франција).

Раширувањето на неонацистичките насилства во Европа, југословенските воени злосторства во Хаг, односно азилот, се темите во овие три филма.

Победникот ќе биде избран од 736-те членови на Европарламентот, а наградата ќе биде врачена на 25 ноември во Стразбур.

Европскиот парламент ќе го финансира преводот на најдобриот филм на 23-те официјални јазици на Европската унија и ќе помогне во дистрибуцијата на ДВД изданијата.

Наградата „LUX“ се доделува од 2007 година со цел да го поддржи европскиот филм и неговиот развој.

 

 

Click