Среда, 24 ноември 2010 година
Европарламентот ја додели филмската награда „Лукс“
Филмот „Странци“ на австрискиот режисер Фео Аладаг ја доби филмската награда „Лукс“, која ја доделува Европскиот парламент. Најдобриот филм за 2010 година го изгласаа европратениците, а наградата беше врачена во Стразбур од страна на претседателот на Европарламентот, г. Јержи Бузек.
Овој филм победи во конкуренција со „Академија Платон“ на режисерот Филипос Цитос (Грција, Германија) и „Незаконски“ од Оливие Масе-Депас (Белгија).
Европскиот парламент на победникот ќе му овозможи превод на филмот на 23-те официјални јазици на Европската унија, производство на 35-мм верзија за секоја држава-членка и помош во издавањето на ДВД.
Наградата „Лукс“ првпат е доделена во 2007 година и претставува симбол на интересот на Европскиот парламент за европската филмска индустрија.
Прочитај повеќе
Четврток, 21 октомври 2010 година
Европарламентот награди кубански борец за слобода и човекови права

Наградата „Сахаров“, која Европскиот парламент ја доделува за слобода на мислата, оваа година замина во рацете на кубанскиот дисидент Гиљермо Фарињас, кој беше номиниран во името на сите оние кои се борат за слободата и човековите права во Куба
Прочитај повеќе
Среда, 13 октомври 2010 година
Доделена Наградата за новинарство од Европарламентот

Претседателот на Европскиот парламент, г. Јержи Бузек, ја додели Наградата за новинарство во категориите печатени медиуми, радио, телевизија и интернет, а победниците добија по 5.000 евра за својот труд кој има за цел да придонесе за подобро разбирање на европските институции и политики
Прочитај повеќе
Петок, 8 октомври 2010 година
Европскиот парламент ќе избира најдобар новинар

Претседателот на Европскиот парламент, г. Јержи Бузек, на 13 октомври 2010 година ќе ја додели Наградата за новинарство, со која Парламентот ги одликува новинарите кои се занимавале со важни европски прашања или придонеле за подобро разбирање на европските институции и политики
Прочитај повеќе
Среда, 1 септември 2010 година
Крај на продажбата на 75-ватните светилки

Од денеска 75-ватните светилки во облик на крушка заминуваат во историјата. Нивната продажба ќе продолжи само додека се потрошат залихите. На сцена стапуваат новите светилки, кои генерираат многу помалку топлина и кои носат заштеда со оглед на тоа што траат од 6 до 10 пати подолго од старите
Прочитај повеќе
Вторник, 27 јули 2010 година
Познати трите филмови кандидати за наградата на Европарламентот

„Академија Платон“ (на Филипос Цитос - Грција, Германија), „Странци“ (на Фео Аладаг – Германија) и „Незаконски“ (на Оливие Масе-Депас – Белгија) се трите од вкупно десетте номинирани филмови кои ќе се борат за филмската награда „Лукс“, која ја доделува Европскиот парламент
Прочитај повеќе
Вторник, 29 јуни 2010 година
Десет филмови номинирани за наградата „Лукс“ на Европарламентот

Европскиот парламент ги објави десетте филмови коишто ќе се натпреваруваат за овогодишната филмска награда „Лукс“, во рамките на Фестивалот на европскиот филм во Брисел. Специјално 17-члено жири, составено од продуценти, дистрибутери, директори на фестивали и критичари ги номинираше следните филмови
Прочитај повеќе
Понеделник, 19 април 2010 годинаСоветот на Европа ја награди мултиетничноста
Режисерите Скендар Копти и Јарон Шани се добитници на четвртата филмска награда која ја доделува Советот на Европа, за филмот „Ајами“. Станува збор за оригинална приказна за едно мултиетничко општество во Јафа, Израел, каде коегзистираат различни религии, верувања, традиции и интереси.
Наградата, која се состои од бронзена скулптура и 10.000 евра, ја додели заменик-генералниот секретар на Советот на Европа, Мод де Боер-Букичио, за време на завршната церемонија на 29. Меѓународен филмски фестивал во Истанбул.
Жирито на фестивалот му врачи специјална награда на Филип ван Лу за филмот „Денот кога господ замина на пат“.
Наградата „FACE“ е годишна соработка меѓу Советот на Европа и Меѓународниот филмски фестивал во Истанбул и претставува признание за придонесот во развојот на човековите права преку филмската индустрија.
Прочитај повеќе
Понеделник, 15 февруари 2010 година
112 – телефонски број за итни случаи во странство

Телефонскиот број 112 е бесплатен пан-европски број за итни случаи, кој може да биде биран од било кое место во рамките на 27-те земји-членки на Европската унија. Тој е официјален европски број од февруари 2009 година
Прочитај повеќе