Четврток, 2 септември 2010 година
ИЗЛЕЗЕ СЕДМИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ
Излезе седмиот број на Билтенот на собраниската делегација во Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европска унија (МПК). Билтенот на МПК, кој во електронска форма излегува еднаш месечно, содржи информации и текстови поврзани со активностите на МПК, како и на другите собраниски тела кои поблизу се грижат за унапредување на процесот на европските интеграции на Република Македонија.
Билтенот се доставува до повеќе стотици личности чија работа е поврзана со европскиот пат на Република Македонија, а пред сè европратениците, кои се членови или заменици-членови на МПК РМ-ЕУ, како и други европратеници, пратениците во Собранието на Република Македонија кои исто така членуваат во заедничкото македонско-европско тело за соработка, дипломати, членови на администрацијата во Европскиот парламент и Европската комисија, пратеници кои работат на европски прашања од националните парламенти на земјите-членки на ЕУ, амбасади, преставници на домашни и странски невладини организации, институции и образовни установи од земјата и од странство.
МПК, како собраниско тело задолжено за унапредување на парламентарната димензија на соработката помеѓу Република Македонија и Европската унија, со издавањето на Билтенот во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија, има за цел на релевантните политички и други актери од Македонија и од Брисел, поблизу да им ги претстави активностите на македонските институции во насока на што поскоро зачленување на државата во Европската унија.
Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса:
http://www.sobranie.mk//mpk-bilten.nspx, а
Повеќе информации за активностите на МПК можете да добиете на следнава адреса:
http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4