Делегации



Вторник, 9 ноември 2010 година

Пратеникот Александар Спасеновски во дводневна посета на Брисел 

По испраќањето на писмото до голем број на европарламентарци во Европскиот парламент, на денот на објавувањето на Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2010 година од страна на Европската комисија, ко-претседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската унија (МПК – РМ и ЕУ), г. Александар Спасеновски, престојува во дводневна посета на Европскиот парламент.

Спасеновски за време на посетата ќе оствари средби со известителот на Европскиот парламент за Република Македонија, г. Зоран Талер, ко-претседавачот на МПК од Европскиот парламент, Јорго Шацимаркакис, како и повеќе европратеници членови во МПК – РМ и ЕУ, но и други кои ги следат настаните во Република Македонија.

Средбите на пратеникот Спасеновски се остваруваат пред одржувањето на состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет во Брисел, на 29 и 30 ноември 2010 година, но особено во функција на размена на мислења со релевантните европски актери околу препораката на Европската комисија за отпочнување на преговори за членство во Европската унија за Република Македонија, како и за можностите за донесување на одлука од страна на Европскиот совет за одредување датум за преговори за членство на Македонија.

 

Click