Петок, 23 март 2012 година
Парламентариумот изброја 100.000 посетители


Центарот за посетители на Европскиот парламент, т.н. Парламентариум, ја оправда улогата на популарна атракција во Брисел, откако за пет месеци постоење, изброи 100.000 посетители.
Парламентариумот работи секој ден во седмицата, освен во понеделник наутро и нуди можност за бесплатно интерактивно запознавање со Европарламентот на 23-те официјални јазици на Европската унија.
Посетителите во него можат да се информираат за минатото, сегашноста и иднината на Парламентот и Унијата во целост.
Овој центар официјално беше отворен на 14 октомври 2011 година, а веќе се вбројува во топ дестинациите кои треба да се посетат во Брисел.