Среда, 7 август 2013 година
Огромна разлика во телефонските услуги во ЕУ
Корисниците на мобилни телефони во Европската унија се соочуваат со огромни разлики во цените за исти услуги. Најголемата разлика во цената е во домашните мобилни повици, дури 774% разлика помеѓу Литванија, која е најевтината земја и Холандија - најскапата.
Само за споредба дека постојат далеку помали разлики во цените во други категории на основни производи и услуги на единствениот европски пазар, на пример, литар млеко може да се купи по цена од 0,69 и 0,99 евра каде било во ЕУ, што е разлика од 43%.
Поради оваа причина, потпретседателот на Европската комисија, г-ѓа Нели Крос, за идниот месец најави претставување на нов пакет мерки насочени кон единствен телекомуникациски пазар, со цел да се постигне вистински поврзан континент.