ЕУ вести



Понеделник, 7 октомври 2013 година

Тим на Литванското претседателство со ЕУ на Бриселскиот маратон

Вчера се одржа 10. Бриселски маратон, на кој учествуваше и тим од 135 Литванци и поддржувачи на Литванското претседателство со Советот на Европската унија.

Во тимот „Трчај со Литванското претседателство“ беа вклучени 57 претставници на машкиот пол и 78 на женскиот, а од вкупниот број учесници, 22 беа деца на возраст од 3,5 до 12 години. Тие собраа 4.000 литаси, односно 1.160 евра, наменети во добротворни цели за фондацијата „Алгоимас“ за деца со посебни потреби.

Учесниците на Бриселскиот маратон трчаа целосен маратон (42 км), полумаратон (21 км), мини-маратон (4 км), женски маратон (4 км) и детски маратон (1 км).

Инаку, Литванија го презеде шестмесечното претседавање со Советот на Европската унија на 1 јули 2013 година, под слоганот „Кредибилна, растечка и отворена Европа“, а заклучок од маратонот е дека со ваков дух оваа балтичка земја сигурно успешно ќе го заврши своето претседателство.


 

Click